ОПШТЕСТВО


1-4.6.2020 год.

План за работа за 1.6.2020 -5.6.2020
 Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
4.6.2020-
Сообраќаен полицаец
Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
4.6.2020г
Да ја разбира улогата на сообраќајниот полицаец  во регулирањето на сообраќајот
Вовед во активноста
4.6.2020г  
Играјте ја играта,,Погоди што се крие по сликите,,(преку гатанки за сообраќајот се отвара сликата на сообраќајниот полицаец).Следете ја  презентација за сообраќајниот полицаец преку која учениците ќе се запознаат со неговата улога во регулирање на сообраќајот.
По играта се истакнува сликата на сообраќајниот полицаец,   истата  се опишува со цел да констатирате дали децата ве разбрале за неговото улога за безбеден сообраќај. Учениците имаат задача во тетратките да нацртаат крстосница каде регулирањето на сообраќајот го прави сообраќајниот полицаец.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

4.6.2020г

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б оддvesnabiljanaib@yahoo.com




26-29.5.2020 год.

План за работа за 26.5.2020 -29.5.2020
 Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
28.5.2020-
  Семафор
Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
28.5.2020г
да ја запознае улогата на сообрќајната сигнализација  (семафорот).


Вовед во активноста
28.5.2020г  
Прошетајте до блиската околина и набљудувајте ги движењето на пешаците по тротоар, како и преминувањето преку улица.
Потсетете се  како треба да се однесуваме кога сме учесници во сообрќајот.
Покажете им на децата слика од семафор и дискутирајте за неа.(форма, бои, значење на боите). Објаснете им дека  дека сообраќајот се регулира со семафор,и  опишете го неговиот изглед. Понатака објаснете им дека  доколку нема семафор дека неговата улога ја врши сообраќајниот полицаец. Покажете им ги  заците кои ги користи полицаецот и што сака да соопшти со нив.
За домашна работа сработете го работниот лист

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

28.5.2020г

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б оддvesnabiljanaib@yahoo.com







18-22.5.2020 год.

План за работа за 18.5.2020 -22.5.2020
 Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
21.5.2020-
Симулирање на движења во училишниот двор, игри со употреба на сирени, труби, интегрирано со движења
Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
21.5.2020г
Да се оспособува да ги спознава правилата на безбедно одење по тротоар и премунување преку улица. Да се оспособува да симулира движења во  двор преку игра со употреба на сирени и труби.
Вовед во активноста
21.5.2020г  Прошетајте со вашите деца до блиската околина и набљудувајте го движењето на пешаците по тротоар, како и преминувањето преку улица.
Се организираат игри во дворот (на тераста, пред зграда) каде учениците вежбаат преминување преку улица и одење по тротоар со симулирање  и употреба на труби и сирени ( сопствен глас). По објаснувањето од ваша страна следува активност од страна на учениците, односно импровизирате сообраќај, каде учениците се возачи или пешаци. (би било убаво да сликате и да ни испратите фотографии).
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

21.5.2020г

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б оддvesnabiljanaib@yahoo.com





11-15.5.2020 год.










4-8.5.2020 год.

План за работа за 4.5.2020 – 8.5.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
7.5.2020-
Сообраќајни средства-набљудување
Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците

- Да ги знае и опишува сообраќајните средства кои најчесто ги среќава;
Вовед во активноста
Кажете им дека ќе се запознаат со сообраќајните средства,односно кои сообраќајни средства постојат, по што се движат и за што служат.
Проследете ја заедно презентацијата на Power point     за “Сообраќајни средства” или пак набљудувајте од вашиот дом сообраќајни средства  кои се движат во најблиската околина. Поразговарајте со дечињата за средствата кои ги воочуваат и нека истите ги споредуваат меѓу себе според тоа дали се движат по копно,вода и воздух. Накратко нека се обидат да ги  опишат ( за што служат, по што се движат). Децата заклучуваат дека  сообраќајните средства   се движат по копно , по вода и воздух .
Следува самостојна работа каде учениците од приложениот наставен лист (боенка - сообраќајни средства).
Видео или аудио запис

Презентации
Презентација на power point
Линкови за активности

Наставен лист
Боенка - сообраќајни средства
Формативно вреднување

Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com












27-30.4.2020 год.

План за работа за 27.4.2020 – 1.5.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
30.4.2020-
Правилно преминување на улица
Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците

- да ги спознава правилата за безбедно одење по тротоар, преминување преку улица;
Вовед во активноста
Проследете ја презентацијата  “Низ градските улици “.Во оваа презентација другарчето не води низ градските улици по кои има многу автомобили и многу опасности.Ќе се запознаеме со пешачкиот премин,сообраќаецот,семафорот,сообраќајните знаци, патеката за пешаци  и патекатa за велосипеди и правилното преминување на улица.
Потоа проследете ја со учениците емисијата за деца Бонтон- “На улица “дадена на линкот подолу.Поразговарајте со нив за постапките на девојчето на улица  (добро и прифатливо движење на пешаци по тротоар и правилно и неправилно преминување преку улица).  Зошто децата ги држат родителите за рака кога се движат по тротоарот и преминуваат улица? Зошто постои пешачки премин? Како се преминува улица? Што ќе се случи ако не се движиме по тротоарот? Што може да се случи ако трчаме по тротоарот?
Можете заедно во домашни услови да организирате  игри  преку кои дечињата  ќе вежбаат правилно  преминување преку улица и одење по тротоар.
Видео или аудио запис

Презентации
Презентација на power point
Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com






21-24.4.2020 год.

План за работа за 20.4.2020 – 24.4.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
23.4.2020-
Патот од дома доучилиште

Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците

- да се запознава со сообраќајот од домот до училиштето;
Вовед во активноста

Проследете ја заедно презентацијата  на линкот подолу, на која е прикажан патот на едно девојче од дома до училиште. Во презентацијата се опишува патот што девојчето го поминува од својот дом до своето училиште. По секој прикажан слајд од презентацијата разговарајте со дечињата:
Каде одело девојчето секој ден? Со кого таа одела на училиште? Дали таа одела пеш или со возилото на нејзините родители? Зошот таа одела со своите родители? Што видела таа по патот? Каде застанала за да ја помине улицата?
Потоа учениците нека го опишат патот што тие го поминуваат од дома до нашето училиште преку разговор односно вие поставувајте им прашања, а дечињата нека ги даваат своите одговори: Кои објекти ги среќаваат по патот? Каде ја преминуваат улицата? Дали одат само на училиште или со родител?
Потоа, дечињата во своите тетратки нека го илустрираат со цртеж патот кој тие го поминуваат од нивниот дом до нашето училиште.
Видео или аудио запис

Презентации
Презентација на power point
Линкови за активности


Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com




13-16.4.2020 год.

План за работа за 13.4.2020 -17.4.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
16.4.2020-
Местото во кое живеам

Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
- Да го знае  местото во кое живее, да ги знае објектите во непосредната околина, да ја знае културната различност во местото на живеење, да ги знае старите градби, носии, стари предмети
Вовед во активноста
Преку наставниот лист даде во прилог, децата нека ја обојат сликата на местото на живеење и објетот во кој живеете. Потоа следува  да се нацртаат значајни објекти и неколку професии кои ги има во градот. Помогнете им да ја обојат сликата на вашата религија. На крај нека ги претстават убавините на нашата татковина, оние убавини кои ги  посетиле.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности


Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I боддvesnabiljananaib@yahoo.com

I воддtanja_nina@yahoo.com




6-10.4.2020 год.

План за работа за 6.4.2020 – 10.4.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
9.4.2020-
Предмети од минатото

Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците

- Да запознае стари градби, носии, стари предмети;
Вовед во активноста

Проследете ја презентацијата за предметите од минатото , на која се прикажани разни предмети од минатото.
Разгледајте ги заедно сите дадени слики од презентацијата за предметите во минатото како: бардаче, стомна, бокал, фенер, триножно столче, вретено , разбој и сл.  и поразговарајте со нив за  што служат, дали некаде ги имаат видено, како изгледаат.Нека направат споредба помеѓу предметите кои луѓето ги користеле во минатото и предметите кои денес ги користиме. Разговарајте за тоа дали некои предмети од минатото и денес се користат  и употребуваат.
Следи самостојна работа на учениците во наставен лист, каде детето треба да ги пронајде предметите од минатото кои и денес се користат и да ги обојат.
Видео или аудио запис
Презентација на power point
Презентации

Линкови за активности


Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com












План за работа за 30.3.2020 – 3.4.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
2.4.2020-
Празници во татковината

Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
- да ја именува својата татковина,
- да развива чувство на припадност и љибов кон својата
  татковина

Вовед во активноста
2.4.2020
Проследете ја заедно  песничката за татковината на линкот подолу. Потоа преку презентацијата со децата играјте ја играта “Асоцијација Пр.:езера-планини-реки- Татковина, Велигден- Нова Година-БожиќБадник- празник. Се игра на овој начин: Децата бираат поле. Вие со десен клик го селектирате полето, стискате „delete“. Под секое поле има скриено поим.Секоја колона има решение за неа,а сите решенија го даваат конечниот одговор.
Со ваша помош тие ја играат играта и постапно го откриваат поимот празник.
По откривањето на поимот празник   поставувајте им прашања, како на пр.: Што е тоа празник? Каков е тој ден? По што се разликува празникот се од другите денови? Какво е расположението за време на празниците? и сл.
Потоа погледнете ја презентацијата за празниците во нашата татковина (8 ми Септември- Ден на независноста на Македонија , 11 Октомври-Ден на востанието на македонскиот народ,   13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје , 24 Мај Ден на македонските и сесловенските просветители и учители, 8 декември Св. Климент Охридски
Нека ги именуваат повеќето празници кои се слават во нашата татковина, разговарајте за нивното значение, како ние ги одбележуваме и прославуваме празниците (преку пригодни прослави во училиште, општина, во домовите, на одредени места).
Следува самостојна работа во наставен лист, во кој  преку техника мисловна мапа се повторуваат сите празници во татковината, каде  секоја сликичка треба да ја исечат и  залепат во соодветното облаче што го симболизира дадениот празник. Доколку немате можност да ги испринтате, тогаш  децата треба да ги нацртаат во дадената мисловна мапа.
Видео или аудио запис
Презентација во power point
Презентации

Линкови за активности

Zlatno Slavejce 2013 - PESNA ZA MAKEDONIJA - Metodija Stoleski


Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com

Наставен лист


Презентации









План за работа за 23.3.2020 -27.3.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Општество
Наставна содржина
26.3.2020-
Мојата татковина

Според целите на програмата за прво одделение ученикот/
Учениците
-да ја именува својата татковина, да ги препознава знамето и химната;
Вовед во активноста
26.3.2020
-Измешајте ги картичките наредете ги по различен
 редослед, задача на учениците е да ги наредат броевите по редослед и да формираат правилна бројна низа. По подредување на бројната низа родителот  ги запознава учениците дека до секој број е запишана  една буква.
Со ваша помош  се чита добиениот збор МАКЕДОНИЈА.
-Проследете ги видеата со знамето на Р.Македонија и химната на Р.Македонија.
Разговарајте со учениците поставувајќи им прашања: Каква форма има знамето? Што има на знамето? Кои бои ги има знамето?

Кои форми гледаат? Што означува зборот химна? Како се постапува додека се слуша химната? На последното прашање  нагласувам дека кога се слуша химната секогаш се стои мирно.
Проследете ги презентациите ,,Прошетка низ мојата татковина“ и Туризмот во Р.Македонија   преку што учениците ќе се запознават со некои градови во Македонија, на пр.: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Куманово и Тетово.
Запознајте ги  учениците дека и МАКЕДОНИЈА има свој роденден и се слави на 8 Септември (потсетување на учениците на празникот 8 Септември).

-Потоа учениците се подготвуваат за играта ,,Квиз(проверка колку учениците го совладале материјалот). Се делат семафорчиња во црвена боја што означува ,,неи со зелена боја што означува ,,да. Прочитајте им  на учениците различни искази,а тие да ги креваат картончињата според нивните размислувања (за ,,дакреваат картонче со зелена боја, а за ,,некартонче со црвена боја).

Искази:

1. Мојата татковина се вика Македонија. (ДА или НЕ)

2. Скопје, Охрид и Тетово се градови во мојата татковина Македонија. (ДА или НЕ)

3. Знамето на Македонија има зелена боја. (ДА или НЕ)

4. На знамето има нацртано сонце. (ДА или НЕ)

5. Додека ја слушаме химната треба да трчаме. (ДА или НЕ)

6. Најголем град во Македонија е Скопје. (ДА или НЕ)

Видео или аудио запис
Презентации

Линкови за активности

26.3.2020

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
Ia одд petrankazdravkovska@yahoo.com, aleksiknade@yahoo.com

I б одд vesnabiljananaib@yahoo.com

I в одд tanja_nina@yahoo.com


1


2-
А
3-
К
4-
Е
5- Д

6-
О

7-
Н
8-
И
9-
Ј
10-А







19.3.2020 год. ЧЕТВРТОК

Нашата  традиција и обичаи

-Да се оспособува да ја запознае културната различност во местото во кое живее.
-Да се оспсобува да се запознае со обичаите во нивниот крај

    Заедно со дечињата проследете ја презентацијата на power point.

https://docs.google.com/presentation/d/13U0efGq2N5dXSluIKJ56VV3di-i-pfKbCPUm2fs1_oU/edit#slide=id.p1

Разговарајте со нив поставувајќи им прашања за обичаите кај нас, за минатото , за традицијата. Се изразуваат самостојно. Следува работа во наставен лист според барањата во него.