АНГЛИСКИ ЈАЗИК



План за работа по предметот Англиски јазик за период
01.06.2020-  10.06.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
1.     Усвојување на вокабулар поврзан со родендени и забави
2.     Увежбување на изучениот вокабулар
Тема 6 Birthdays and festivals
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да усвојат нов вокабулар за родендени и забави
2. да  нацртаат и обојат слики поврзани со роденденска забава и да направат роденденска честитка
Вовед во активноста

1.Последната лекција е поврзана со родендени и забави. Учениците ја проследуваат презентацијата за новите зборови на долунаведените линкови (1, 2 и 3) и потоа ги цртаат во тетратката.(само подолу дадените зборови)
- birthday –роденден
- invitation - покана
- cake - торта
- candle - свеќа
- present – подарок
- party – забава
Помош за цртањето на наведените зборови може да најдете на долунаведениот линк бр.4.
3.Следната вежба е учениците да ја обојат сликата со роденденската забава или во тетратките да нацртаат роденденска забава. Сликата ќе ја најдете на линк бр. 5.
4.Учениците да изработат роденденска картичка за роденден на некој од семејството ( линкот бр.6 е само како идеја)
5. На линк бр.7 имате дополнителен матерјал, цртан со ликовите на Дизни во кој убаво е обработен вокабуларот кој го учиме, односно роденденска забава. Во слободно време децата може да го погледнат.
Со ова ја завршуваме и последната тема за оваа учебна година. Активностите треба да се завршат најдоцна  до 10.06.2020 и да се  испрати на меил адресата на вашата наставничка.
Учениците оваа учебна година го изучија и збогатија вокабуларот за боите и броевите, семејството, училишните предмети, временските прилики, играчките, животните, формите, деловите од лицето и телото, овошје и зеленчук и роденденски забави, како и песничките поврзани со темите. Останува само да се повторуваат зборовите за да не се заборават.
Се што е нејасно и имате прашања слободно пишете на нашиот меил во секое време. Ви благодариме за издвоеното време и што бевте наша соодветна замена J
Наставни материјали

Линкoви за активностите

Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)





План за работа по предметот Англиски јазик за период
26.05.2020-  30.05.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
1.     Обработка на приказна – Pyro the pirate
2.     Повторување на приказната
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1. да слушаат и разберат приказна на англиски јазик
 2. да ги научат главните ликови и клучните зборови од приказната и да ги нацртаат истите
Вовед во активноста

1. Ученици, денес ќе слушате и гледате една приказна за еден пират по име Пиро. Пиратот имал еден папагал по име Пепе. Му било роденден на Пепе и тој одлетал во потрага по роденденска авантура. Пуштете го видеото за приказната на you tube (линкот ќе го најдете подолу) и видете што ќе се случи понатаму во приказната. 
2. Гледајте го видеото неколку пати додека да научите правилно да ги изговарате клучните зборови од приказната.
3. Следна задача ви е да ги земете вашите тетратки и  боички и да ги нацртате главните ликови од приказната. Тоа се: Pyro the pirate - пиратот Пиро и his parrot Pepe - неговиот папагал Пепе.
Други важни зборови од приказната кои треба да ги научите се:
An island – остров
A snake – змија
A monkey – мајмун
A Crocodile – крокодил
A sword – меч
A watermelon – лубеница
И овие зборови треба да ги нацртате во тетратките.

Потоа можете да пробате да ја одглумите приказната со некој од домашните.
Се надевам дека ви се допадна приказната.
Ви посакувам пријатна работа!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линкoви за активностите

Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)






План за работа по предметот Англиски јазик за период
18.05.2020-  22.05.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
1.    Увежбување- I like…/I dont like
2.    Lets make a pizza-работилница
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да го увежбаат вокабуларот за овошје и зеленчук преку вежби  (работен лист 1 и 2)
2. да  научат како се прави пица и да се запознаат со  новиот вокабулар
Вовед во активноста

1.Најпрво се потсетувате на изучените зборови за овошје и зеленчук од минатиот час преку гледање на видеото кое можете  да го најдете на долунаведениот линк бр.1. Слушате внимателно и ги повторувате уште еднаш зборовите од видеото за овошје и зеленчук и изразите I like…/I dont like….
2. Потоа го решавате Работниот лист 1, треба на глас да ги кажете видовите на хрна кои ги гледате на листот и под секое да ставите X доколку не ви се допаѓа или √, доколу ви се допаѓа.

3. Го решавате и Работниот лист 2, ги кажувате на глас видовите овошке и зеленук и во табелата соодветно ги распоредувате во зависност од тоа што сакате/не сакате да јадете.

4. Оваа активност се надевам дека ќе ви биде многу интересна. Најпрво проследете го видеото Lets make a pizza. Ќе научите како се подготвува пица и кои состојки ви се потребни. Ќе го најдете работниот лист Lets make a pizza. Ќе ги кажете состојките на глас, а потоа ќе ги обоите и ге ги залепите на тестото за пица. На крај направете една слика со вашата пица од хартија. J

Bon appétit!  Enjoy!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линкoви за активностите


Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)



План за работа по предметот Англиски јазик за период
11.05.2020-.15. 05.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
1.    My favourite Food
2.    I like/I dont like
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да го увежбаат вокабуларот за овошје и зеленчук
2. да кажат кое е нивното омилено јадење-My favourite food
3. да кажат што сакаат/не сакаа да јадат- I like/I dont like…
Вовед во активноста

1.Најпрво се потсетувате на изучените зборови за овошје и зеленчук од минатиот час преку гледање на видеото кое можете  да го најдете на долунаведениот линк бр.1. Слушате внимателно и ги повторувате уште еднаш зборовите од видеото за овошје и зеленчук.
2. Потоа го проследувате видеото бр.2: Mаtt ќе ви кажува за неговото омилено јадење. Слушнете ја песничката.
3. Во своите тетратки нацртајте го своето омилено јадење: My favourite food is….(како дополнение на оваа активност кој сака може и да се сликнете со своето омилено јадење или овошје/зеленчук и да испратите слика на teacherJ)
4. Гледајте го третото видео. Детенцето ќе ви кажува што сака, а што не сака да јаде. На глас повторете: I like…..(набројте го овошјето/зеленчукот кои сакате да го јадете) и I dont like…..(oнa што не сакате да го јадете)
5. Во тетратките направете т-табела(поделете го листот во две колони) со I like/ I dont like.. и нацртајте по најмалку три јадење кои сакате/не сакате да ги јадете.
Good luck!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линкoви за активностите



Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)



План за работа по предметот Англиски јазик за период
04.05.2020-.08.05.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
Повторување на вокабуларот за Овошје и Зеленчук
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да го повторат и увежбаат вокабуларот за овошје и зеленчук
2.да ја увежбаат вештината слушање со разбирање
3.да одговорат на задачи поврзани со овошје и зеленчук
Вовед во активноста

Следна лекција од темата My Food ни е повторување и увежбување на вокабуларот за Овошје и Зеленчук
1.На почеток гледате уште едно видео (на you tube) поврзано со зборовите за овошје и зеленчук кое може да го најдете на долунаведениот линк бр.1. Слушате внимателно и ги повторувате уште еднаш зборовите од видеото за овошје и зеленчук.
2. Потоа ги пуштате видеата од линковите 2 и 3. На нив има интересни игри на погодување, ги гледате и треба да погодите кое овошје или зеленчук е на сликата.
3. Следна активност е да се сработат работните листови. На работниот лист бр.1, треба да ги исечете сликичките и да ги залепите на соодветно место во зависност од тоа дали е овошје (fruit) или зеленчук (vegetables).
На работниот лист бр.2 треба да се заокружат сите овошја, а да се прецртаат сите зеленчуци. Потоа треба да ги изброите и да го запишете нивниот број во соодветната коцка. 
Good luck!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линкoви за активностите

Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)











План за работа по предметот Англиски јазик за период
27.04.2020-30.04.2020 во I а, б, в паралелка

Наставна содржина
1.Обработка на нов вокабулар-Vegetables -Зеленчук
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да се запознаат со некои видови на зеленчук
2.да одговорат на прашање за омилен зеленчук
3. да слушаат и пеат песничка за зеленчук
Вовед во активноста

Следна лекција од темата My Food е Vegetables -Зеленчук
1.Го гледате видеото (на you tube)  со видови на зеленчук, кое може да го најдете на долунаведениот линк бр.1. Слушате внимателно и ги повторувате зборовите од видеото. Во вашите тетратки ги цртате следниве видови на зеленчук и ги боите:
 Potato (компир) Tomato (домат)  Carrot (морков)    Cabbage (зелка)  Onion (кромид)  Peas (грашак)
2. Потоа ја пуштате песничката за зеленчук што ќе ја најдете на долунаведениот линк бр.2, и ја слушате неколку пати.
3. Како дополнителна активност имате да гледате и слушате уште едно видео од линк бр.3. Тука може да научите повеќе  видовина зеленчук. Кажувате и кој ви е омилен вид на зеленчук, а кој не го сакате многу. Се надевам ќе ви биде интересно.
Good luck!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линкoви за активностите

Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)




План за работа по предметот Англиски јазик за период
22.04.2020-25.04.2020 во I a,b,v паралелка

Наставна содржина
1.Обработка на нов вокабулар-Fruit!-Овошје
Тема 5 My Food
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
1.да се запознаат со некои видови на овошје
2.да одговорат на прашање за омилена храна(овошје)
Вовед во активноста

Започнуваме нова тема My Food! Ја работиме првата лекција Fruit!
1.Го гледате видеото   со видови на овошје кое може да го најдете на долунаведениот линк. Ги повторувате зборовите од видеото. Во вашите тетратки ги цртате следниве видови овошје и ги боите:
Apple, Orange, Grape, Banana, Lemon, Watermelon

2.Потоа, го работите работниот лист 1

Colour the fruits (треба да ги кажете овошките од листот на англиски и да ги обоите во соодветната боја и да ја кажете на англиски. Потоа, треба да го заокружите она овошје кое најмногу сакате да го јадете: I like to eat….
Good luck!

*Сработеното го испраќате на меил адресата на вашата наставничка.
Наставни материјали

Линк за активноста
Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска (Ib)
Ирена Наумовска (Ia,v)




План за работа по предметот Англиски јазик за период
13.04-17.04.2020 во I a,b,v паралелка

Наставна содржина
1.    Прославување на Еaster-Easter activities
Цели
Учениците да можат:
-да се запознаат со симболите и обичаите поврзани со празникот Велигден

 Вовед во активноста

Час 1
School work
Easter-Велигден

1.    Го проследувате првото видео со вокабулар поврзан со празникот Еaster.
2.    Усмено, ги повторувате зборовите од видеото.
3.    Го работите работниот лист именуван-Easter vocabulary (ги сечете сликичките, ги боите и ги лепите во вашите тетратки по англиски јазик. Доколку немате принтер слободно нацртајте ги во вашите тетратки)

4.    Го работите работниот лист Easter 1, coloring page( со помош на вашите родители, ги боите делчињата од сликата)

5.    Го гледате второто и третото видео и по желба ги учите песничките за BUNNY

Happy Easter Everyone!
Ресурси
Работен лист:
1.Easter vocabulary
2. Easter 1,coloring page
Линк за активноста
Формативно вреднување

Меил од наставникот

План за работа по предметот Англиски јазик за период
06.04.202-10.04.2020 во I одделение  
(два часа)

Наставна содржина
1.Обработка-Parts of my body
2.Увежбување-Parts of my body
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
-да се запознаат со новите зборови од темата
-да гo увежбаат вокабуларот од темата за делови од телото
Вовед во активноста
Час 1

1.    Учениците го гледаат постираното видеото и ги кажуваат на глас зборовите за делови од телото.
2.    Учениците со помош на своите родители ги повторуваат зборовите од видеото, покажувајќи на деловите од телото.
3.    Од Работниот лист 1, Parts of my body ги кажуваат деловите од телото и сликичките (ги лепта во тетратките по англиски јазик.


                          Час 2
1.    Учениците ги повторуваат зборовите за делови од телото преку залепените сликички во тетратка.
2.    Учениците ја слушаат песничката од вториот линк
3.     Учениците го работат работниот лист
Работен лист 2 Cut and glue the parts of the body 

(*учениците ги кажуваат на глас деловите од телото. Ги бојат, сечат и ги составуваат деловите од телото на детето.)
*Учениците од Ib, домашните задачи ги испраќаат на меилот на наставничката Анета Димеска, а учениците од Ia и Iв, домашните задачи ги праќаат на меилот на наставничката Ирена Наумовска.
Наставни материјали
Работен лист 1 и 2

Линк со активност

Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска

Ирена Наумовска


imitovska@yahoo.com





План за работа по предметот Англиски јазик за период
30.03-03.04.2020 во I одделение 
(два часа)
Наставна содржина
1.Увежбување на вокабуларот за домашни миленичиња
2.Обработка-вокабулар за домашни и диви животни
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за I одделение)
Учениците да можат:
-да гo увежбаат вокабуларот од темата за домашни миленичиња и звуците кои тие ги прават
-да го усвојат вокабуларот за домашни и диви животни
Вовед во активноста
1.     Учениците ги повторуваат зборовите за домашни миленици и нивните живеалишта.
2.     Учениците ги гледаат постираните видеа.
3.     Учениците со помош на своите родители ги повторуваат домашните и дивите животни.
4.     Учениците ги  работат работните листови:
Работен лист 1:Color the animals that live on a farm 
 (*треба да се обојат животните кои живеат на фарма)
Работен лист 2: Where do I belong?
(*да се напише соодветната буква во квадратчето според тоа кое животно каде припаѓа: А-во куќа-за миленичиња, B-на фарма-за домашни животни и С-во Зоолошка за диви животни)
*Учениците од Iб, домашните задачи ги испраќаат на меилот на наставничката Анета Димеска, а учениците од Ia и Iв, домашните задачи ги праќаат на меилот на наставничката Ирена Наумовска.
Наставни материјали
Работен лист 1 и 2

Линк со активност
Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска

Ирена Наумовска









План за работа по предметот Англиски јазик за период
23.03-27.03.2020 во I одделение  
(два часа)
Наставна содржина
1.Увежбување на вокабуларот за домашни миленичиња
2.Обработка-домашни миленици и нивните живеалишта
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за III одделение)
Учениците да можат:
-да гo увежбаат вокабуларот од темата за домашни миленичиња и звуците кои тие ги прават
-да го усвојат вокабуларот за видови на живеалишта

Вовед во активноста
1.     Учениците ги повторуваат зборовите за домашни миленици од минатион час и кажуваат кое е нивното омилено  домашно милениче.
2.     Учениците го гледаат постираното видеото.
3.     Учениците со помош на своите родители ги повторуваат животните и нивните живеалишта кои ги видоа и слушнаа во видеото. (Dog-dog house, Fish- fish bowl, Cat-Cat home, Mouse- Mouse cage, Parrot-parrot cage)
4.     Учениците ги  работат работните листови:
Работен лист 1 Match the pets with their homes (*поврзи ги миленичињата со нивните домови и кажи ги имињата на нивните домови на глас)
Работен лист 2 Count the pets
(*изброј ги миленичињата и напиши го бројот, кажи го зборој на глас)
*Учениците од Ib, домашните задачи ги испраќаат на меилот на наставничката Анета Димеска, а учениците од Ia и Iв, домашните задачи ги праќаат на меилот на наставничката Ирена Наумовска.
Наставни материјали
Работен лист 1 и 2

Линк со активност
Формативно вреднување

Меил од наставниците
Анета Димеска

Ирена Наумовска






Наставни листови:





План за работа по предметот Англиски јазик за период
16.03-20.03.2020 во Ib паралелка




Наставна содржина
Обработка на нов вокабулар-моите домашни миленичиња и звуците кои тие ги прават
Цели (во согласност со наставната програма по англиски јазик за III одделение)
Учениците да можат:
-да гo усвојат вокабуларот од темата за домашни миленичиња
-да одговорат на прашање за нивното омилено домашно милениче
-соодветно да одговорат на прашање за звуците кои животните ги прават
Вовед во активноста
Учениците со помош на своите родители ќе ги повторат имињата на домашните миленичиња кои ќе ги најдат прикажани со слики во училишните тетратки по англиски јазик. Потоа, секој ученик во својата тетратка ќе треба да го нацрта своето омилено домашно милениче и усмено да одговори на прашањето What is your favourite pet? Со реченицата My favourite pet is…..
Н а долунаведениот линк, учениците ќе ја најдат новата песничка во која се пее за домашни миленичиња и звуците кои тие ги прават. Учениците треба да ја слушнат неколку пати песничката, а потоа да ги емитираат звуците кои животните ги прават:
The dog  says woof-woof
The cat says meow-meow
The mouse says squeak squeak
The bird says tweet tweet
The fish says glub glub
*За дополнителни прашања, можете да ми се обратите на наведената меил адреса
Наставни материјали
Училишна тетратка

Линк со активност
Формативно вреднување

Меил од наставникот



План за работа за 19.3.2020 и 20.3.2020
 Содржини и активности за работа за прво одделение
Наставен предмет: Англиски јазик
Наставна содржина
19.03.2020
Идентификување на бои и броеви
20.03.2020
Повторување на темата : Миленичиња
19.3.2020
Ø  Да се увежба вокабуларот за боите и броеви од 1 до 10
20.3.2020
Ø  Да се увежба вокабуларот од темата Животни и миленичиња
Ø  Да се увежба вештината слушање со разбирање
Ø  Да опишуваат миленичиња
Вовед во активноста

19.03.2020      

Пуштете  го видео записот за Броеви од 1 до 10 (линк 1). Учениците го гледаат и потоа ги повторуваат броевите од 1 до 10 на англиски.
Повторување на боите на англиски јазик преку песничка  за Боите на виножитото.(Colors of the Rainbow - линк 2). Потоа учениците го работат наставниот лист бр.1 Боење според дадени инструкции по број.
Играње на игри (Погоди го бројот или бојата) со цел увежбување на броевите и боите.

20.3.2020

Пуштете го видео записот за диви и домашни животни. Учениците ги гледаат и слушаат внимателно и ги повторуваат зборовите.
Потоа се работи наставен лист бр.2 за повторување на вокабуларот за Миленичиња. Се разгледуваат и опишуваат сликите, а потоа се цртаат во своите тетратки или се печати наставниот лист и се сечат и лепат сликите во тетратка. Учениците зборуваат за миленичињата, кажуваат кои им се омилени и зошто и кои би сакале да ги имаат.
Видео или аудио запис
Презентации

Линкови за активности
19.03.2020

20.03.2020

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација


Наставни листови: