МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


8-10.6.2020 год.


План за работа за 8.6.2020 - 10.6.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
8.6.2020
Читање и прераскажување омилени приказни

9.6.2020
Лето-опис- ( опишување)
Интерпретација на стихотворба: „ Лето“
10.6.2020
Игри со букви
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

8.6.2020
Да се запознае со творби од македонското народно творештво

9.6.2020
Да се оспособува за опишување на годишно време
Да се запознае со поезијата за деца и да се поттикне да ја доживее
10.6.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо

Вовед во активноста
8.6.2020 Читање и прераскажување омилени приказни
 Започнете разговор за народни приказни кои ги гледале и им останале во сеќавање. Дали од народните приказни може нешто да научиме? Што? (се очекува одговор за минатото, како живееле луѓето, за обичаите, со што се занимавале итн).На овој час денеска ќе ја проследат народната приказна Сиромавиот селанец и богатите граѓани.Проследете ја приказната на видеолинкот https://www.youtube.com/watch?v=itSL-51agR4.
По завршувањето на приказната прашајте ги дали им се допадна. Потоа поставете им прашања: За кого се зборуваше во приказната? Каде се случуваше настанот? Кои важни работи са случија? Дали имаше проблем и како се реши? Што им се допадна во приказната?.
9.6.2020
Интерпретација на стихотворба: „ Лето,,
Поведете разговор за годишни времиња, посебно спомнете го летото.Денеска на овој час ќе се работиме стихотворба за летото. Прочитајте им ја стихотворбата строфа по строфа. Тие даваат свои објаснувања како ја разбрале истата.
Лето
Најпосле на летен распуст сме,
нема веќе школо, учење.
Надвор е плус 35,
Сите летото го сакаме.

Јули, август жешко лето е,
Сонце, плажа, море, пливање
И сладолед за разладување,
 летото е за уживање.

Најпосле на летен распуст сме,
Ајде сите да се дружиме.
Игра, песна, смеа по цел ден,
Срца полни радост имаме.
Лето-опис- ( опишување) 
За крај ајде да направите еден убав летен мозаик за да си посакаме убаво и топло лето.
Сработете го наставниот лист.
10.6.2020
Игри со букви
С Р Е Ќ Е Н   Л Е Т Е Н    Р А С П У С Т

Именувај ги буквите кои се напишани
Видео или аудио запис

Презентации

 Линкови за активности
Сиромавиот селанец и богатите граѓани 

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација
Ia одд
petrankazdravkovska@yahoo.com aleksiknade@yahoo.com
I б одд
vesnabiljanaib@yahoo.com

I в одд
tanja_nina@yahoo.com




1-4.6.2020 год.


План за работа за 1.6.2020 - 5.6.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
1.6.2020
Обработка на сликовницата ; Марко патува околу светот
2.6.2020
Игри со букви преку сечење на букви од весници или детски списанија и формирање на азбука

3.6.2020
Измисли приказна- “ Кога патував на Марс“    
4.6.2020
Доврши ја песната- Малата Рада
5.6.2020
Неработен ден
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

1.6.202
Да го открие значењето на сликовниците како извор на знаења

2.6.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо
3.6.2020
Да ја развива фантазијата преку создавање нови идеи и оргинални решенија
4.6.2020
Да се запознае со поезијата за деца и да се поттикне да ја доживее
5.6.2020
Неработен ден
Вовед во активноста
1.6.202
Обработка на сликовницата ; Марко патува околу светот
Повторете со децата што е сликовница?Како изгледа таа?Што има во неа?Потоа кажете им дека денеска ќе се запознаат со нова сликовница која има насов Марко патува околу светот. Прочитајте им ја сликовницата . По читањето на сликовницата се разговара по неа, се одговара на прашањата:Како се вика сликовницата?, Кои ликови се спомнуваат?, Зошто се вика сликовницата,, Марко патува околу светот, Каде се одвиваат настаните во сликовницата?, Што може да се научи од постапките на ликовите?
На крајот во вашите тетратки нацртајте каде вие би сакале да патувате

2.6.2020
Игри со букви преку сечење на букви од весници или детски списанија и формирање на азбука
Бидејќи ги изучивме сите букви од нашата азбука можеме сега да ја напишеме целата,но денеска истата треба да ја направите со Сечење на букви од весници или детски списанија. Буквите треба да се лепат на лист, по редослед.Како помош може да ви послужи следниот линк од Бушава азбука-сите букви https://www.youtube.com/watch?v=9OcjFatB-dk&t=40s

3.6.2020
Измисли приказна- “ Кога патував на Марс“   
Самиот налов на денешната активност ни кажува дека денеска ќе треба да и се препуштите на вашата фантазија и ќе измислувате какво би било ваштето патување на планетата Марс.Раскажете им го вашето патување на родителите.
4.6.2020
Доврши ја песната- Малата Рада
На овој час ќе изучиме стихотворба која што поетот ја оставил недовршена, ваша задача е да откриете кој збор ви недостасува. Истиот тој збор е претставен со слика.Прочитајте им ја стихотворбата,поставувајте прашања за да видите колку ја разбрале содржината.
На крајот сработете го наставниот лист.
Видео или аудио запис
 Бушава азбука-сите букви https://www.youtube.com/watch?v=9OcjFatB-dk&t=40s

Презентации

 Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација
Ia одд
petrankazdravkovska@yahoo.com aleksiknade@yahoo.com
I б одд
vesnabiljanaib@yahoo.com

I в одд
tanja_nina@yahoo.com


https://docs.google.com/presentation/d/1F-Fsoc5HN_85mnPZJ4ua0Zw84HYoS5sKYbUmZ3GGLWc/edit#slide=id.p1








26-29.5.2020 год.


План за работа за 25.5.2020 -29.5.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
25.5.2020

26.5.2020
Препознавање на големите печатни букви: Ч, Џ и Ш

Големи и мали букви- македонската азбука

27.5.2020
Говорно творештво
28.5.2020
Обработка на стихотворба - „Семафор“
29.5.2020
Зборови што звучат слично
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

25.5.202

26.5.2020
Препознавање на големите печатни букви: Ч, Џ и Ш
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо.
Да се поттикне кон разликување и правилно изговарање гласови во зборот ( на почеток, на средина и на крајот на зборот).
Големи и мали букви- македонската азбука
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо.
27.5.2020
Говорно творештво
Да се поттикни кон користењена говорот како средство за изразување на своите мисли, чувства и доживувања
28.5.2020
Обработка на стихотворба - „Семафор“
Да се запознае со поезијата за деца и да се поттикне да ја доживее
29.5.2020
Да го збогати речникот со зборови  што звучат слично
Вовед во активноста
26.5.2020
Препознавање на големите печатни букви: Ч, Џ и Ш
Проследете ја презентацијата за буквите Ч,Џ и Ш.Потоа запознајте ги децата  со основните елементи (линии) од кои се создадени овие букви, буквата Ч  е составена од права исправена и едно чингелче од предната страна кое е составено од мала права исправена која на крај благо се свиткува,буквата Џ е составена од две прави исправени, една права легната и една мала права исправена која се пишива од средина на правата легната надолу, а буквата Ш е составена од три прави исправени и една права легната. Следи пишување на елементите во учебникот. Следи разгледување на сликите во учебникот каде учениците ја определуваат местоположбата прво на гласот  Ч, Џ, а потоа и на гласот Ш во дадените зборови. Потоа  цртаат нешто што започнува на буквите Ч, Џ  и Ш.. Во краткиот текст кој предходно им го читате  ја воочуваат буквата Ч,Џ а потоа и Ш   и ги заокружуваат.
На крај  работа во наставен лист.
Големи и мали букви- македонската азбука
Ги запознавме сите големи печатни букви,но освен големи има и мали букви.Денешниот час ќе го посветиме на разликувањето на големите и малите букви,ќе се запознаеме како изгледаат малите буквии ќе откриеме дека постојат мали букви кои се исти со големите,но има и такви кои се разликуваат.
Најнапред погледнете ја презентацијата за големи и мали букви и увидете ги разликите и сличностите меѓу нив.
Потоа следи самостојна работа во наставен лист.

27.5.2020
Говорно творештво
Кажете им на учениците дека говорот е средство преку кое најдобро се разбираме. Денеска ќе се запознаеме со поимот Говорно творештво. Накратко објаснето дека тоа е кога усно составуваме расказ, раскажуваме случка или прераскажуваме прочитан текст, при што ги изразуваме и своите чувства.
Денешната задача е да бидат автори на некаква говорна творба (расказ,доживеана случка,измислена приказна). Добро би било ако сте во можност говорната творба што ќе ја состават да ги снимете и да ни ги испратите.
(п.с. и онака ни недостигаат нивните милозвучни гласчиња)
28.5.2020
Обработка на стихотворба - „Семафор“
Се потсетуваме дека најголем сообраќаен знак е семафорот. Денешната активност е  Стихотворба „ Семафор“. Читајте ја  стих по стих секоја строфа од стихотворбата.Разговарајте за содржината,поставувајте прашања, а учениците нека даваат одговори.
На крај  работа во наставен лист.

29.5.2020
Зборови што звучат слично
Денешната активност е да ги откриеме зборовите кои кога ќе ги изговориме ни звучат скоро исто односно СЛИЧНО.На страна 80 од учебникот по македонски јазик има претставено неколку сликички.Именувај ги зборовите и потоа како што е дадено во примерот пронајди го секој пар од зборови кои звучат слично и поврзи ги.
Видео или аудио запис

Презентации

 Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација
Ia одд
petrankazdravkovska@yahoo.com aleksiknade@yahoo.com
I б одд
vesnabiljanaib@yahoo.com

I в одд
tanja_nina@yahoo.com



https://docs.google.com/presentation/d/1WRdPNZPeORsbGuQhHMsp0BDbydElTHUGYCu3cgF0e8o/edit#slide=id.p1





https://docs.google.com/presentation/d/1oLh3Nyab8khzg7y-3MKbzz3W8BBWKaNwdAp7aF01NBQ/edit#slide=id.p1












18-22.5.2020 год.


План за работа за 11.5.2020 -15.5.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
18.5.2020
Раскажување по слика
19.5.2020
Опасни игри-расказ
Состави зборови од дадени гласови
20.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  Х и Ц
21.5.2020
Игри со букви
22.5.2020
Интерпретација на стихотворба - „Првите просветители“
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

18.5.202
Да се оспособува да раскажува по слика
19.5.2020
Да се оспособува да раскажува по слики
Да ги осознава и да ги препознава основните елементи на јазикот, збор , глас
20.5.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо.
Да се поттикне кон разликување и правилно изговарање гласови во зборот ( на почеток, на средина и на крајот на зборот).
21.5.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо
22.5.2020
Да се запознае со поезијата за деца и да се поттикне да ја доживее
Вовед во активноста
18.5.2020
Раскажување по слика
Денеска ќе раскажуваме приказна за Тигарот и зајаците по слики.На работниот лист се дадени 4 слики и децата треба по тие слики да формираат своја приказна.При тоа да се внимава при изразувањето да се користат целосни и јасни реченици. Откако ќе формираат реченици за секоја слика на крај нека ја раскажат целата приказна.
Во тетратките нека ја илустрираат онаа слика која им оставила најголем впечаток.
19.5.2020
Опасни игри-раскажување по слики
Овој час ќе се обидеме децата преку составување реченици по слики да размислуваат какви се опасности може да се случат случајно при игра.
На неколкуте слајда има прикажано ситуации кои доведуваат во опасност а од децата ќе се бара да објаснат зошто не смее да се прави,а вие во нивните тетратки запишете ги .
Со нетрпение ги очекуваме мудрите одговори на нашите ученичиња.

Состави зборови од дадени гласови
Денешната активност ќе биде Составување зборови од дадени гласови.Секој ученик пред себе треба да  има лепак и ножици и боички. Учениците имаат два листа. На првиот лист има 6 слики-коњ, око, жаба, дедо, баба и дете. На вториот лист имаат во табела букви. Учениците имаат задача да ги пронајдат соодветните букви за дадениот збор    ( слика) и да ги  подредат буквите правилно според барањето од сликата. На пр. кај сликата со ЖАБА треба да ги исечат и залепат следниве букви-Ж, А, Б и А и да ги наредат една до друга со што ќе го формираат зборот ЖАБА. Откако ќе ги залепат буквите трба да   ги обојат. На крај оцени се сам/а.
20.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  Х и Ц
Отворете го првиот линк и со децата проследете ја епизодата од детската емисија Бушава азбука за буквата Х. Децата нека ги повторат зборовите кои ќе ги чујат и потоа да кажат во кој дел од зборот  го слушаат. Потоа отворете го и вториот линк на кој ќе ја проследите другата епизода од детска емисија Бушава азбука за буквата  Ц. Децата повторно нека ги повторат сите зборови кои ги слушнале определувајќи го местото на буквата во зборот.
Запознајте ги децата  со основните елементи (линии) од кои се создадени овие букви, буквата Х  е составена од  коса црата од десно кон лево и коса црта од лево кон десно, а буквата Ц е составена од две прави исправени, една права легната која на крај малку се продолжува и една мала права исправена која се пишува надолу. Следи пишување на елементите во учебникот. Следи разгледување на сликите во учебникот каде учениците ја определуваат местоположбата прво на гласот  Х, а потоа и на гласот Ц во дадените зборови. Потоа  цртаат нешто што започнува на буквите Х  и Ц.. Во краткиот текст кој предходно им го читате  ја воочуваат буквата Х, а потоа и Ц   и ги заокружуваат.
На крај  работа во наставен лист.

21.5.2020
Игри со букви
Ги изучивме скоро сите букви од нашата азбука. Ајде сега ученичиња имате еден интересен предизвик .Со помош на вашите родители секоја буква од вашето име и презиме претставете ја со слика на предмет што започнува на таа буква и истиот запишете го со збор.
Во прилог имате претставено едно име.
22.5.2020
Интерпретација на стихотворба - „Првите просветители
Раскажете им на учениците дека се ближи празникот 24 Мај, денот на Македонските просветители Кирил и Методиј
Денешната активност ќе биде Интерпретација на песна Првите просветители посветена токму на нив. Прочитајте ја песната неколку пати,разговарајте за нејзината содржина преку поставување прашања и одговарање на истите од учениците. Преминете на меморирање на стихотворбата. Читајте стих по стих од стихотворбата , а учениците истите да ги повторуваат со цел да ги запомнат, се така дури не се меморира целата стихотворба.
Видео или аудио запис

Презентации

 Линкови за активности
https://www.youtube.com/watch?v=xZ14EDHavw0 бушава азбука Х

Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација
Ia одд
petrankazdravkovska@yahoo.com aleksiknade@yahoo.com
I б одд
vesnabiljanaib@yahoo.com

I в одд
tanja_nina@yahoo.com


https://docs.google.com/presentation/d/1WPW5t0dSIAlkeKSFby9ujyCTbwjRK74dcUDrej7Fd5g/edit#slide=id.p1












11-15.5.2020 год.

План за работа за 11.5.2020 -15.5.2020
Содржини и активности за работа за прво одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
11.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  Т и Ќ
12.5.2020
Игра со букви
13.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  У и Ф
14.5.2020
Интерпретација на стихотворбата: „На улица
15.5.2020
Улица, врвулица-сликовница
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

11.5.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо.
Да се поттикне кон разликување и правилно изговарање гласови во зборот ( на почеток, на средина и на крајот на зборот).
12.5.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо
13.5.2020
Да се оспсобува  за визуелно препознавање  на големите печатни букви  од македонското кирилско писмо.
Да се поттикне кон разликување и правилно изговарање гласови во зборот ( на почеток, на средина и на крајот на зборот).
14.5.2020
Да се запознае со поезијата за деца и да се поттикне да ја доживее

15.5.2020
Да го открие значењето на сликовниците како извор на знаења

Вовед во активноста
11.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  Т и Ќ
Отворете го првиот линк и со децата проследете ја епизодата од детската емисија Бушава азбука за буквата Т. Децата нека ги повторат зборовите кои ќе ги чујат и потоа да кажат во кој дел од зборот  го слушаат. Потоа отворете го и вториот линк на кој ќе ја проследите другата епизода од детска емисија Бушава азбука за буквата  Ќ. Децата повторно нека ги повторат сите зборови кои ги слушнале определувајќи го местото на буквата во зборот.
Запознајте ги децата  со основните елементи (линии) од кои се создадени овие букви, буквата Т е составена од една права исправена линија и една права легната, а буквата Ќ е составена од една права исправена, една коса линија од десно кон лево и една коса линија од лево кон десно и една мала коса од десно кон лево над елементите. Следи пишување на елементите во учебникот. Следи разгледување на сликите во учебникот каде учениците ја определуваат местоположбата прво на гласот  Т, а потоа и на гласот Ќ во дадените зборови. Потоа  цртаат нешто што започнува на буквите Т и Ќ.. Во краткиот текст кој предходно им го читате  ја воочуваат буквата Т, а потоа и Ќ  и ги заокружуваат.
На крај  следи работа во наставен лист.

12.5.2020
Игра со букви
Денеска  ќе си играме со буквите од нашата азбука (што досега ги изучивме).Најпрво проследете го  видеото и пејте ја песничката за буквите
https://www.youtube.com/watch?v=-oarzZxooOA, потоа внимателно проследете ја презентацијата и именувајте ги сите предмети претставени на сликичките, така ќе повториш барем по еден збор кој што започнува на дадената буква.
На крајот сработете го наставниот лист каде е објаснето што треба да правите.

13.5.2020
Препознавање на големите печатни букви  У и Ф
Отворете го првиот линк и со децата проследете ја епизодата од детската емисија Бушава азбука за буквата У. Децата нека ги повторат зборовите кои ќе ги чујат и потоа да кажат во кој дел од зборот  го слушаат. Потоа отворете го и вториот линк на кој ќе ја проследите другата епизода од детска емисија Бушава азбука за буквата  Ф. Децата повторно нека ги повторат сите зборови кои ги слушнале определувајќи го местото на буквата во зборот.
Запознајте ги децата  со основните елементи (линии) од кои се создадени овие букви, буквата У е составена од една коса линија од лево кон десно, една коса од десно кон лево која на крај е завиткана во јадица или бастум, а буквата Ф е составена од една права исправена и два полу круга , еден завртен на десно, еден завртен на лево. Следи пишување на елементите во учебникот. Следи разгледување на сликите во учебникот каде учениците ја определуваат местоположбата прво на гласот  У, а потоа и на гласот Ф во дадените зборови. Потоа  цртаат нешто што започнува на буквите У и Ф.. Во краткиот текст кој предходно им го читате  ја воочуваат буквата У, а потоа и Ф  и ги заокружуваат.
На крај  работа во наставен лист.

14.5.2020
Интерпретација на стихотворбата: „На улица
Започнете разговор за улица, нејзино значење,  кој се се движи на улица, кои сообраќајни знаци ги среќаваме и како треба да се однесуваме на улица.Денеска тоа ќе повториме преку песничка .Прочитајте ја песничката а децата нека даваат свои објаснувања како ја разбрале истата.
НА УЛИЦА
Знакот на улица ,треба да се почитува,
Неговата порака секој да ја прочитува.

Да застанеш треба кога стоп ти вели,
Почекај и разгледај ,совети не дели.

По улица кога одиш,  почитувај страна    десна
Правило е тоа важно има простор не е тесна.

Крстосница кога има, ти зелено чекај!
Семафорот ви е другар, да го почитува секој.
На крајот сработете го работниот лист.
15.5.2020
Улица, врвулица-сликовница
На следниов линк
https://www.stepbystep.org.mk/WEBprostor/slikovnici/Na%20Gradskite%20Ulici%20MK/NaGradskiteUlici.html проследете ја сликовницата На градските  улици.Внимателно слушајте го објаснувањето на секој збор и размислете дали сето ова вие го почитувате кога се движите по улица.
Во тетратките илустрирајте дел од сликовницата кој ви остави најголем впечаток.
Видео или аудио запис
11.5.2020 Бушава азбука Т
https://www.youtube.com/watch?v=7pTHrMF7vAU&t=941s
11.5.2020 Бушава азбука Ќ
12.5.2020 Песна за буквите
13.5.2020 Бушава азбука У
13.5.2020 Бушава азбука Ф
Презентации

 Линкови за активности

Наставен лист
11.5.2020 Наставен лист Т и Ќ
12.5.2020 Наставен лист Игра со букви
13.5.2020 Наставен лист У и Ф
14.5.2020 Наставен лист На улица

Формативно вреднување


Меил од наставникот за повратна информација
Ia одд
petrankazdravkovska@yahoo.com aleksiknade@yahoo.com
I б одд
vesnabiljanaib@yahoo.com

I в одд
tanja_nina@yahoo.com











No comments:

Post a Comment